недела, 26 април 2026

Шпанците во редови чекаат да примат вакцина, младите сакаат да се врати животот

Објавено на

часот

Сподели

Други земји се обидоа со разни мерки да ги поттикнат луѓето на вакцинирање, од парични исплати до директни наредби или забрани за посетување на локали без доказ за вакцинирање, но во мадридската болница Изабел Зендал персонал вели дека им доаѓаат млади луѓе желни за враќање на нормалниот живот.

Шефот на медицинските сестри Фернандо Прадо објаснува дека младите знаат дека нормалниот живот е поблиску ако што побрзо се вакцинираат.

Само пет отсто од жителите на Шпанија не сакаат да примат вакцина против ковид-19, многу помалку од 13 отсто во Франција или 19 отсто во САД, според анкетата на Морнинг консалт објавена во понеделникот.

Главната мотивација за спремноста за вакцинирање е сеќавањето на првиот бран на пандемијата во Шпанија во март 2020 кога секој ден умираа по 800 луѓе.

Од тогаш Шпанија постојано бележи пораст на вакцинираните, иако на почетокот имаше проблеми со снабдувањето.

Според процентот на населението кое примило барем една доза, Шпанија е на 11 место во светот и на 4 место во Европската Унија, според податоците на Ројтерс.

„Во својата стратегија против пандемијата, Шпанија тежиштето го стави на вакцинирањето и луѓето поверуваа“, вели Куике Басат, научник на Глобалниот здравствен институт во Барселона.

Но во последните недели во некои региони е забележан пораст на случаи и таму повторно е воведен полициски час.

Басат кажа дека се пребрзо укинати рестрикциите во земјата и повтори дека имунитетот на стадо нема да биде постигнат додека не бидат вакцинирани 90 отсто од населението бидејќи се шири позаразниот делта сој.

Бројот на вакцинираните и понатаму расте и сите постари од 80 се целосно вакцинирани како и 84,4 отсто од постарите од 60 години, според податоците на владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ