четврток, 23 април 2026

Путин: На Киев едноставно не му е потребен Донбас

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведе во статија објавена на веб-страницата на Кремљ, ѕидот што беше направен во последните неколку години меѓу Русија и Украина, помеѓу еден и ист историски и духовен простор, се смета за заедничка трагедија како резултат на меѓусебните грешки направени во различни периоди.

„Тоа е резултат на работата на оние сили што постојано тежнееја да го уништат нашето единство. Формулата што се применува и која на сите им е позната со векови – раздели и владеј. Нема ништо ново тука. Оттука и обидите да се игра на картата на националните прашања, да се посее омраза меѓу луѓето. А главната задача е да се поделат, а потоа и да се нахушкаат народите едни против други“, се наведува во написот на Путин.

Тој додаде дека Руската Федерација ги признала сите нови политички региони и направила многу за Украина да опстане како независна држава.

„Исклучиво благодарение на ниските цени на гасот, Украина во периодот од 1991 до 2013 година заштеди над 82 милијарди долари, а денес се буни за сума од 1,5 милијарда што Русија треба да ја плати за транзит на гасот кон Европа“, порача рускиот претседател.

Тој тврди дека до 2014 година многу договори и заеднички проекти работеле во корист и на руската и на украинската економија.

И покрај настаните од таа година и сè што следуваше, Русија сепак остана меѓу трите најголеми трговски партнери на Украина, а стотици илјади Украинци работат на територијата на Русија и добија поддршка во таа земја.

„Ете каква ви е таа земја-агресор“, додаде Путин.

Тој се осврна и на конфликтите во југоисточна Украина, велејќи дека Русија сторила сѐ што можела за да го запре братоубиството, а беше потпишан и договорот од Минск, кој, според него, нема алтернатива.

„Сепак, според сѐ, сѐ повеќе сум сигурен дека на Киев едноставно не му е потребен Донбас. Зошто? Бидејќи граѓаните од тие региони, пред сè, никогаш нема да го прифатат она што им се наметнува со сила, блокади, закани. И второ, Договорот од Минск, кој претставуваше шанса за мирно воспоставување на територијалниот интегритет на Украина, е целосно спротивен на проектот `анти-Русија`“, потенцира Путин.

Тој додаде дека во практиката се случува да се создаде атмосфера на страв во украинската јавност, да се користи агресивна реторика, да се охрабрува неонацизмот и земјата да се милитаризира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ