четврток, 23 април 2026

Џон Кенеди во 1963 година речиси ги прекинал Студената војна и блокадата на Куба

Објавено на

часот

Сподели

Во Кан беше премиерно прикажан новиот документарец на Стоун, „Повторно ЏФК: поглед низ лупата“. Филмот делумно се состои интервјуа со роднини на ЏФК и неодамна декласифицирани документи за 35-от американски претседател.

„Главната поента што се обидовме да ја откриеме во документарниот филм е дека Џон Кенеди беше борец за мир“, рече Стоун, додавајќи дека демократскиот претседател се обидувал да го прекине ембаргото на Куба и имал потпишано пробен договор со Советскиот Сојуз.

„Студената војна теоретски завршувала во 1963 година. Можете да замислите каде ќе беше светот сега“ ако тоа се случеше, вели Стоун.

Наместо тоа, Кенеди беше убиен тој ноември, а американската блокада на Куба продолжи до денес.

Новиот документарец е „завршница“ на долгометражниот филм на Стоун „ЏФК“ од 1991 година, во кој не е прифатена официјалната верзија на настаните во Далас усвоена од Вореновата комисија на американската влада.

Стоун зборува и за братот на ЏФК, Роберт Френсис Кенеди, кој и самиот беше убиен во 1968 година за време на предизборната кампања на демократите.

РФК ѝ се јавил на ЦИА по смртта на неговиот брат и прашал „кој го спроведе овој ужас“, вели Стоун, повикувајќи се на интервју со член на семејството. РФК „никогаш не ѝ поверува на Вореновата комисија“ и сакаше да ги спроведе политиките на својот брат и да го испита неговото убиство, доколку биде избран.

„Од таа причина, верувам дека Роберт беше ладнокрвно убиен“, вели Стоун, додавајќи дека инволвираните луѓе знаеле дека „ако тој стапи на функција, ќе се плати пеколна цена“.

Стоун исто така зборува за вмешаноста на ЏФК во движењето за граѓански права и за врските помеѓу ЦИА и неговиот убиец Ли Харви Освалд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ