четврток, 30 април 2026

Бегалецот кој се вратил во Северна Кореја едвај крпел крај со крај во Јужна Кореја

Објавено на

часот

Сподели

Јужнокорејската војска го идентификуваше мажот кој премина преку тешко вооружената зона на сличен начин како пред една година во потрага по подобар живот во Јужна Кореја, за на крај, бегајќи од бедата, да се врати во Северна Кореја.

Неговиот обид за почнување нов живот во Јужна Кореја ги постави прашањата дали тие што ќе пребегнат примаат соодветна помош по опасниот пат во кој го ризикуваат животот за сиромашната и строго контролирана Северна Кореја да ја заменат за демократската и богата Јужна.

„Бегалецот повратник е маж на 30-тина години и живеел бедно како чувар“, изјави воен функционер и додаде: „Би кажал дека бил во ниската класа, преживувајќи“.

Функционерите не веруваат дека бил шпион од Северна Кореја. Го испрашувале како ги избегнал чуварите и покрај тоа што го снимиле надзорните камери при преминувањето на границата.

Севернокорејските власти не го коментираа случајот, а државните медиуми не ни известија за него.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап извести дека полицијата во северната општина Новон, која му пружила заштита и друга грижа, предупредила дека тој би можел да се врати назад, но не било преземено ништо бидејќи немале конкретни докази.

Полицијата одби да коментира. Функционерот на министерството за обединување во Сеул, задолжен за прекугранични прашања, кажа вчера дека бегалецот добил владина помош за лична безбедност, добил сместување и медицинска нега и работа.

Мажот едвај комуницирал со соседите и било забележано дека ги фрлил своите работи ден пред да ја премине границата, јави Јонхап.

Во септември околу 39.000 жители на Северна Кореја почнале нов живот во Северна Кореја, каде што стигнале по долгиот, опасен пат, најчесто преку Кина, во потрага по нов живот, бегајќи од сиромаштијата и задушувањето на слободата во својата татковина.

Од 2012 година се потврдени само 30 враќања во Северна Кореја на бегалци.

Но, активистите сметаат дека би можело да има многу повеќе случаи, бидејќи многумина од нив се борат да се прилагодат на новиот живот во јужната соседна земја.

Околу 56 отсто од пребеганите се водат како луѓе со ниски приходи, според министерството за обединување.

Речиси 25 отсто се во најниската категорија е примаат национална субвенција за основни потреби и таа бројка е шест пати поголема отколку во општата популација.

Според анкета објавена минатиот месец во Сеул, околу 18 отсто од 407 бегалци изразиле желба за враќање, најчесто поради носталгија.

„Причините се сложени и вклучуваат копнеж по роднините кои останале во Северна Кореја, до емоционалните и економски тешкотии кои се појавуваат кога ќе се почне новиот живот“, објасни функционерот на министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ