Проектот вклучува производство на вакцини од хемиски деактивирани цели вируси, што потсетува на начин на кој се развиваа вакцините против грипот пред неколку децении.
Овој потег е дел од она што министерството за здравство и социјални услуги го нарекува „Генерациски златен стандард“, технологија на универзална вакцина која претставува поместување од финансирањето на проектот за ковид-19 на студии со повеќе вируси, тврди весникот повикувајќи се на повеќе извори.
Проектот вклучува и истражување на друга универзална вакцина против грипот и универзалните вакцини против коронавирусот, според изјава од министерството за Волстрит џурнал.
Американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот ќе бара сите нови вакцини да поминат плацебо тестирање, објави Вашингтон пост доцна синоќа.
Кенеди, поранешен адвокат за заштита на животната средина, е познат по тоа што е скептичен кон вакцините на големите фармацевтски компании и нивните заработки.