понеделник, 25 мај 2026

„Ако ја продолжите војната, ќе им го загорчиме животот на Американците“, се закани советникот на Хамнеи

Поранешниот командант на Иранската револуционерна гарда и воен советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран ќе им го загорчи животот на Американците и ќе создаде големи проблеми за американската економија ако САД ја продолжат војната, објави американската телевизија Фокс њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Исламската Република ви порачува дека, ако ја продолжите војната, тоа ќе му го загорчи животот на американскиот народ и ќе создаде големи проблеми за американската економија“, рече советникот на Моџтаба Хамнеи на прес-конференција.

Резаи рече дека Иран не сака продолжување на конфликтот, туку „чесен договор“, но предупреди дека, ако пропаднат преговорите, Техеран има средства да им нанесе сериозна економска штета на САД. Тој го опиша иранскиот предлог до Вашингтон како „пат со најмала цена“, сугерирајќи дека дипломатско решение е подобра опција од натамошна ескалација.

Резаи тврдеше дека Иран и натаму е подготвен за преговори, но нагласи дека Техеран нема да прифати договор што би бил наметнат под притисок или закани. Според него, продолжувањето на војната би имало последици не само за регионот, туку и директно за американските економски интереси.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска објави на својата социјална мрежа Трут сошл дека преговорите со Иран добро напредуваат, но дека мировниот договор мора да им одговара на сите страни.

„Ќе има или голем договор за сите или нема да има никаков договор — назад на бојното поле и пукање, но поголемо и посилно од кога било досега — а тоа никој не го сака“, напиша Трамп.

Американскиот весник Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани посредници меѓу САД и Иран, наведува дека преговорите денеска забавиле поради тврдите ставови на двете страни околу иранската нуклеарна програма и укинувањето на санкциите против Техеран.

Трамп и други претставници на американската администрација во текот на викендот тврдеа дека договорот е блиску, а Трамп потоа изјави дека нема да брза со неговото склучување ако не е добар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ