понеделник, 25 мај 2026

Сензационален расплет во Аргентина: Тим кој постои 121 година првпат стана првак (ВИДЕО)

Белграно испиша историја во аргентинскиот фудбал откако за првпат стана шампион на државата, победувајќи ја Ривер Плата со 3-2 во финалето на Апертура 2026.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот од Кордоба до трофејот стигна по голем пресврт против еден од најтрофејните клубови во Аргентина, а по последниот свиреж следуваше вистинска еуфорија меѓу навивачите на „пиратите“.

Ривер Плата имаше контрола врз натпреварот, но Белграно покажа карактер и успеа целосно да ја сврти ситуацијата во своја корист, по што почна големото славје на стадионот „Марио Алберто Кемпес“.

Овој успех има уште поголема тежина ако се знае дека Белграно е основан во 1905 година и никогаш досега немал освоено шампионска титула. Клубот од Кордоба така конечно дочека историски трофеј по повеќе од еден век постоење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ