понеделник, 25 мај 2026

Официјално: Вардар го промовира Кристијан Фабиани

Вардар и официјално го претстави Кристијан Фабиани како нов тренер на тимот, откако аргентинскиот стратег го наследи Гоце Седлоски на клупата на „црвено-црните“.

Објавено на

часот

Сподели

Седлоски ја заврши успешната сезона со освоена титула со Вардар, а како што беше најавено и претходно, во иднина ќе биде фокусиран само на селекторската функција.

Македонскиот шампион преку социјалните мрежи му посака добредојде на Фабијани, кој ќе има сериозна задача уште на стартот од новата сезона. Покрај одбраната на титулата во ПМФЛ, Вардар го очекуваат и настапи во европските квалификации. Аргентинецот ќе треба брзо да го подготви тимот за предизвиците кои следуваат, а навивачите очекуваат продолжување на успешните резултати и во новата сезона.

Во досегашната тренерска кариера Фабиани работеше во аргентинските клубови Депортиво Риестра, Депортиво Мерло и Њуелс Олд Бојс, каде последен пат беше ангажиран пред доаѓањето во Вардар. Најголемо внимание привлече токму со работата во Њуелс, еден од најпознатите аргентински клубови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ