понеделник, 25 мај 2026

Шкендија се раздели со тренерот кој ја водеше до најголемиот успех

Шкендија и официјално стави крај на соработката со Јетон Беќири, кој нема да го предводи тетовскиот клуб во новата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Од таборот на „црвено-црните“ соопштија дека договорот со стратегот истекува по крајот на сезоната 2025/26, а по заеднички разговори било одлучено соработката да не биде продолжена.

Беќири ја презеде Шкендија во јануари 2024 година и во изминатиот период оствари значајни резултати со тимот. Под негово водство тетовци ја освоија шампионската титула во сезоната 2024/25, а клубот испиша и историски успех на европската сцена.

Шкендија успеа да избори место во лигашката фаза од Конференциската лига, а потоа стигна и до плеј-офот во натпреварувањето, што претставува најголем европски резултат во клупската историја.

Од клубот му се заблагодарија на Беќири за посветеноста и професионалниот однос, со желби за успех во продолжението од неговата тренерска кариера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ