петок, 16 мај 2025

Скапото засилување на Челси падна на допинг тест, може да биде суспендиран и на четири години

Фудбалерот на Челси и украински репрезентативец, 23-годишниот Михајло Мудрик паднал на допинг-тест пренесуваат медиумите на Островот.

Објавено на

часот

Сподели

Украинецот во овој момент ставен под суспензија на неопределено време додека не се утврдат околностите и деталите. Мудрик исто така направил и втор тест, па сега се чека и таа анализа.

Засега не е објавено која недозволена супстанца е пронајдена во организмот на Мудрик, но според најавите сигурно го чека пауза најмалку до крајот на сезоната, а во најцрното сценариот таа би можела да биде до четири години.

Ниту Мудрик, ниту Челси не се огласиле во јавноста за случајот, но нема дилеми дека тоа би бил сериозен удар и за фудбалерот и за клубот кој скапо го плати, 70 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ