понеделник, 27 април 2026

Вардар пропушти напад за победа, реми на гостувањето кај Елверум

Објавено на

часот

Сподели

Вардар се претстави во добро светло на гостувањето кај Елверум. Натпреварот беше изедначен, двете екипи имаа свои периоди.
 
Елверум отвори со 2-0, но следувашае серија на Вардар од 4-1 за преземање на водството. Се играше гол за гол до 7-7, а потоа црвено-црните со низа од 5-1 дојдоа до најубедливата предност од четири голови разлика 12-8.
 
Беше и 13-9, а потоа следуваше голем пад на Вардар. Елверум направи серија од 4-0 и на полувремето се замина со нерешени 13-13.
 
Серијата на Елверум продолжи и во вториот дел, дадоа три гола и ја зголемија низата на фантастични 7-0, поведоа со 16-13. Вардар конечно постигна гол и почна полека да се враќа.
 
Македонскиот шампион полека го сврте мечот, дојде до водство од 22-21, имаше и предност од 25-24, но ја испушти. Елверум направи нова серија од 3-0, поведе со 27-25, но Вардарци беа поконцентрирани во финишот и дојдоа до реми 27-27. На крај имаа шанса за победа, Гаџа избрза, шутна крај голот, останаа пет секунди и за домаќините, но Томовски го одбрани нивниот удар.
 
Томовски беше одличен со 14 одбрани, најефикасен кај Вардар беше Тото со шест гола, Моралес постигна пет. Кај Елверум, Хелдал и Мате постигнаа по шест. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ