Денеска Вардарци добија неочекувани вести во Загреб, поради позитивни случаи на ковид-19 мора да се вратат во Македонија и нема да настапат на фајнл-фор турнирот иако обезбедија место таму.
Иако хрватските власти за влез во државата не дозволуваат влегување без негативен тест на ковид-19, Вардарци синоќа биле повторно тестирани, а резултатите ги добиле утринава, имало членови на тимот кои се позитивни.
Според правилата на ЕХФ позитивните ракометари одат во изолација, но хрватските власти инсистирале вардаровата експедиција да се врати во Македонија, во спротивно треба да оди во карантин.
СЕХА лигата нема предвидено вакво сценарио, но се очекува Загреб да го заземе местото на Вардар на фајнл-фор турнирот. Втората опција е Мешков Брест директно да оди во финалето.






