Вардарци водеа во текот на целиот меч, вообичаено предноста изнесуваше 4-5 голови разлика, но во финишот од мечот битолчани успеаа да дојдат на само еден негатива 26-25.
Тогаш на сцена стапи Филип Талески кој ги постигна последните три гола на натпреварот за победа од 29-25.
Гол разликата е исклучително битна во овие дуели меѓу Вардар и Пелистер со оглед на тоа дека двете екипи немаат конкуренција па многу веројатно дека меѓусебните дуели ќе го решаваат шампионот.
Тимур Дибиров беше најефикасен кај победничкиот тим со 10 голови, додека Филип Талески реализираше пет погодоци, колку што имаше и Жоел Куни Моралес. Стипе Мандалиниќ и Томислав Кушан со по пет голови најмногу се истакнаа кај гостите.






