вторник, 28 април 2026

Ристовски: Не ми се важни одбраните, важно ми е тимот да победува

Објавено на

часот

Сподели

Борко влезе во игра во текот на првото полувреме и го промени натпреварот, почна да реди одбрани со кои Вардар се врати и на крајот успеа да победи со 30-28.
 
„Мене не ми се важни одбраните, важно ми е екипата да победи. Во претходните натпревари Мартин беше навистина неверојатен, но мора да сфатиме дека тој е млад голман и ќе има вакви натпревари кога можеби поради преголемиот притисок нема да се најде себеси, но затоа јас сум тука, затоа е Али тука, затоа е Гогов тука, за да помогнеме на екипата. Што се однесува до натпреварот мислам дека навистина беше еден многу тежок натпревар. Можеби од трибините не изгледаше така, но Алборг е еден доста тежок противник со технички и тактички добро спремни ракометари. Можеби јавно не кажувавме дека можеме да победиме, но потајно верувавме дека можеме да го направиме ова и мислам дека ова е еден убав почеток на една сезона која е долга. Треба да одиме чекор по чекор“, изјави Борко Ристовски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ