По ремито со Елверум, Вардар дојде до првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите откако со осум разлика го совлада Мешков Брест.
Се очекуваше израмнет натпревар во „Јане Сандански“ но се случи доминација на црвено-црните каква што одамна немало.
Вардар водеше од самиот почеток, па до крајот на мечот. Македонскиот шампион рано се одлепи, имаше и седум голови разлика во првиот дел, на полувремето замина со 19:13.
Во вториот дел Вардар го контролираше резултатот, Мешков Брест неколкупати дојде до -3, но тоа беше се што направија гостите. Нашиот тим беше подобар во финишот и на крајот победи со највиоки осум голови разлика.
Фантастично функционираше десната бековска позиција на Вардар, најдобар на теренот беше Кевин Њокас кој постигна осум голови, Моралес реализираше пет, па дури 13 погодоци беа дадени од левите бекови. Дибиров постигна пет голови, четири даде Гаџа. Томовски беше одличен на голот со 11 одбрани.
Кај Мешков Брест, Кашпарек даде шест голови, пет постигнаа Скубе и Јурников.
Вардар по две кола има три бода исто колку што има и Веспрем на третата позиција. Со максимален учинок се Алборг и Кил.
Во следното коло, на 29. септември, Вардар го пречекува Алборг.






