вторник, 28 април 2026

Дибиров: Да го извадиме Алборг од неговата комфорна зона

Објавено на

часот

Сподели

Вардар утре ќе го има најголемиот предизвик оваа сезона, во „Јане Сандански“ доаѓа силниот тим на Алборг, мечот почнува од 18:45 часот.
 
„Екипата е со крената атмосфера по победите над Мешков и Пелистер, но мора да разберете дека нам не нѐ интересира што било туку што ќе биде. Ако веќе зборуваме за минатите натпревари да спомнам дека во Елверум беше многу тешко. Таа екипа игра многу добар ракомет. Ние сме во таков ритам, со многу натпревари, па не можеме да направиме добар тренинг. А ние со еден состав играме во ЛШ, со друг во македонско првенство. Еве денеска е малку порелаксиран ден, играчите кои игравме со Еурофарм Пелистер малку ќе одмориме, ќе одработиме тактички тренинг. Овој ритам е ритам од Бундеслигата. Ние нека продолжиме да плачеме, само да победиме против Алборг“, вели Дибиров.
 
„Мислам дека секоја екипа има слабост, дури и ваква како Алборг. Тие се противник од типот на Елверум, многу трчаат имаат силно темпо. Е наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам, од таа нивна комфорна зона, да мора да ги запреме, да ги натераме да играат без топка. Кога ќе видите дека тоа што секогаш функционира прекинало да функционира настанува проблем, па треба да се прилагодите. Тоа е како во боксот, оној што знае да се адаптира на противникот има предност. Тоа не значи дека нам ни се допаѓа таква игра, но ако функционира ќе ја играме“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ