четврток, 14 мај 2026

Лазаров: Доаѓањето на Червар е позитивно за македонскиот ракомет

Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид, Кире Лазаров смета дека враќањето на Лино Червар во нашиот ракомет само дополнително ќе го крене квалитетот на лигата.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за телевизија „Телма“, Кире Лазаров го прокоментира доаѓањето на Червар на чело на Еурофарм Пелистер.

„Доаѓањето на Червар е позитивно, како и да гледаме тоа е добро за македонскиот ракомет. Таму ќе се работи квалитетно, одличен избор. Лино Червар е мој учител, често сме во комуникација, му честитав и му кажав дека сега ќе бидеме спортски противници. Во секој случај неговото доаѓање е многу позитивно. Мислам дека ако може да кажеме дека веќе има квалитет македонската лига, со неговото доаѓање тој квалитет дополнително ќе се подигне. Тој е одличен, а ние покрај него ќе мора да бидеме уште подобри“, рече Лазаров за „Телма“.

„Што се однесува до меѓусебниот дуел, мене ќе ми биде потешко против него, тој е поискусен и подобар, има освојувано многу. Ние учевме од него, па ќе се бориме спортски и се надеваме дека еден ден ученикот ќе биде подобар од учителот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ