четврток, 30 април 2026

Инфантино откри дали Иран ќе игра на Светското првенство во САД

Главно прашање пред Светското фудбалско првенство е дали на него ќе настапи и Иран кој има обезбедено пласман, одговорот пристигна од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, Иран ќе игра на Светското првенство и тоа како што беше и планирано, во САД.

Мундјалот се одржува во САД, Канада и Мексико, а Иранците своите натпревари според програмата треба да ги играат во САД.

„Треба веднаш да кажам, за да потврдам за оние кои можеби сакаат да истакнат нешто друго, дека Иран ќе учествува на Светското првенство оваа година. И, секако, Иран ќе игра во САД. Причината за ова е многу едноставна, затоа што мора да се обединиме. Мора да ги зближиме луѓето. Фудбалот го обединува светот. ФИФА го обединува светот“, рече Инфантино.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ