четврток, 23 април 2026

Украина со гол во 121. минута ја победи Шведска и закажа дуел со Англија во Рим (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Украина ќе игра против Англија во четвртфиналето во Рим, Украинците по 120 минути ја совладаа Шведска со 2-1.
 
Резултатот го отвори Знченко во 27. минута, а Форсберг со 43. минута го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во вториот дел Украина имаше статива, Шведска имаше статива и пречка, но немаше погодок, па се премиина кон продолженија.
 
Во 98. минута се случи клучниот момент на мечот, Даниелсон поради брутален старт доби директен црвен картон, Шведска остана со фудбалер помалкку и работитие се променија на теренот.
 
Украина сакаше да ја искористи предноста од фудбалер повеќе и да дојде до победата пред да завршат продолженијата, а до тоа дојдоа кога се чинеше дека е крај. Во 121. минута Зинченко центрираше, а Довбик погоди со глава за победа од 2-1.
 
Украина е единствената селекција од нашата група која продолжува на Европското првенство.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ