На чинот на предавањето на донираните средства, освен претставници на Армијата присуствуваше и градоначалничката Марија Нацева.

На хуманитарната акција се придружија и учесниците на вежбата „БЛЕСОК 26“ што се опдржа на АП „Криволак“, со донирање кондиторски производи и освежителни пијалаци.
„Претставници од раководството на вежбата, Генералштабот на Армијата и Командата за обука и доктрини ја имаа честа да присуствуваат на предавањето на донацијата на децата од наведените градинки и училишта во село Криволак и село Пепелиште, како и во специјалниот завод во Демир Капија“, информираат од Генералштабот на Армијата.






