Македонија ја брка првата победа со Благоја Милевски на кормилото на сениорската репрезентација, минатиот месец, „црвено-жолтите“ одиграа три ремија.
„На трите натпревари во септември ни недостасуваше среќа, направивме доволно шанси за гол, ама немавме среќа. На тие три дуели сигурно можевме да освоиме четири бода повеќе“ – вели Стефан Спировски.
„Фаворити сме против Лихтенштајн, не бегаме од тоа. Но ќе мора сето тоа да го потвридме на терен затоа што во модерниот фудбал не постојат апсолутни фаворити. Наше е да го дадеме максимумот, без разлика кој ќе настапи. Ако го направиме тоа, нема од што да стравуваме. Ако ја одиграме нашата игра, знам дека ќе се вратиме дома со трите бода“.






