Аргентна идентично како и Бразил, со десет бодови го освои првото место во својата група. Тие ноќеска беа убедливи против Боливија.
Меси имаше свое шоу во првото полувреме, најпрво асиситираше до Гомез за водство од 1-0, а потоа даде два гола за предност од 3-0 на полувремето.
До крајот на мечот, Лаутаро Мартинез само две минути откако влезе во игра постигна гол за 4-1, предхоно Боливија намали преку Саведра.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=YWbcdWaMl9Y autoplay:0]
Уругвај со гол на Кавани во 21. минута го победи Парагвај со 1-0.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=tMna5tBFRqI autoplay:0]
Аргентина во четвртфиналето ќе игра против Еквадор, ако го помине ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.
Следниот противник на Бразил е Чиле, а ако го поминат во полуфиналето ќе играат со подобриот од мечот меѓу Перу и Парагвај.
Копа Америка, четвртфинале:
Аргентина – Еквадор
Уругвај – Колумбија
Бразил – Чиле
Перу Парагвај






