Фудбалерките на САД постигнаа гол во првото полувреме, но беше поништен поради офсајд. До крајот на мечот немаше голови.
САД по трите одиграни натпревари освоија четири бода, исто колку и Австралија, но благодарение на високата победа над Нов Зеланд имаат подобра гол разлика и дојдоа до второто место.
Во групата прва е Шведска со максимални девет бода. Денеска го совладаа Нов Зеланд со 2-0.
Иако не блескаше во групната фаза, селекцијата на Влатко Андоновски останува еден од фаворитите за златото на Олимписките игри, но веќе нема простор за грешка.






