Според Обвинителството, осомничениот, на 15 април, извршил обљуба врз 13-годишно девојче, кое исто така го фотографирал.
„Надлежен јавен обвинител презема истражни дејствија за обезбедување докази, а поради околностите кои укажуваат ризик од бегство, можност за влијание врз жртвата и други лица, како и можност за повторување на делото, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 58-годишник“, се наведува во соопштението на Обвинителството.






