Роналдо сака да ја промени средината, Спортмедиасет вели дека ЦР7 размислува за нова авантура бидејќи нема да биде галвен играч кај Макс Алегри и тимот нема да се гради околу него.
Новиот тренер на Јувентус пробува и тестира други решенија, Португалецот повеќе не е центарот на проектот, па Жорж Мендеш се обидува да му најде нов клуб на својот клиент.
Сепак, проблем е високата плата од 31 милиони евра, во моментов ниту еден клуб не сака да го ангажира Кристијано Роналдо.
ПСЖ преферира да го задржи Килијан Мбапе, Манчестер Сити приоритет му дава на Хари Кејн а отпадна и враќање во Реал Мадрид откако самиот Карло Анчелоти демантираше дека сака да го врати ЦР7 на Сантијаго Бернабеу.
До крајот на преодниот рок има уште 11 дена, многу работи можат да се променат. Кориере дело Спорт говори за можноста Кристијано Роналдо да биде трампан со Габриел Жесус доколку Манчестер Сити не успее да го ангажира Хари Кејн.






