недела, 26 април 2026

Денвер е пред елиминација, Јокиќ предизвика хаос (ВИДЕО)

Резервистот Ајо Досунму со 43 поени ја предводеше Минесота до победа над Денвер од 112-96 за водство во Серијата од 3-1, Никола Јокиќ беше во центарот на вниманието, но поради лоши работи.

Објавено на

часот

Сподели

Кога мечот веќе беше решен и кошаркарите се поздравуваа, Џејден МекДениелс постигна кош. Овој неспортски потег не му се допадна на Јокиќ па тргна да се тепа. Се случи хаос меѓу играчите, а Србинот доби исклучување.

Одличната партија на Досунму е потврда за неговата извонредна форма, откако и на претходниот натпревар постигна 25 поени. Во последните 50 години, поефикасен настап од резервист во плејоф натпревар е забележан само во 1976 година, кога Фред Браун постигнал 45 поени. Последен пат играч од клупата постигнал најмалку 40 поени во плејоф пред десет години, кога тоа му успеало на Стеф Кари.

Кај „нагетс“, најефикасни беа Џамал Мареј со 30 поени и Никола Јокиќ, кој беше блиску до трипл-дабл со 24 поени, 15 скока и девет асистенции.

Минесота води со 3-1 и потребен им е уште еден триумф за да оди понатаму. Следниот меч се игра во Денвер.

Резултати:

Орландо – Детроит 113-105 (2-1)
Феникс – Оклахома 109-121 (0-3)
Атланта – Њујорк 98-114 (2-2)
Минесота – Денвер 112-96 (1-3)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ