Минатата недела, Кристијано Роналдо реши да го напушти Јувентус, се говореше дека ЦР7 се сели во Манчестер Сити, но во последен момент пристигна понуда од Манчестер јунајтед и Португалецот се врати на Олд Трафорд.
Тогаш се пишуваше дека Сер Алекс Фергусон влијаел врз ваквиот развој на настаните, Шкотот кога дознал дека Кристијано Роналдо се сели во лутиот градски ривал, веднаш му се јавил и го убедил да ги одбере „ѓаволите“.
Во своето прво интервју, Кристијано Роналдо сега потврди дека популарниот Ферги одиграл клучна улога.
„Како што сите знаат, уште откако потпишав за Манчестер јунајтед како 18 годишно момче, Сер Алекс Фергусон беше клучот. За мене, Сер Алекс Фергусон е како татко во фудбалот. Ми помогна многу, ме научи на многу работи и одигра голема улога. Постојано одржувавме контакт и тој е неверојатна личност, ми се допаѓа многу. Тој одигра клучна улога да бидам во позиција каква што сум сега, што потпишав за Манчестер јунајтед“ – вели ЦР7.
„Мислам дека ова е најдобрата одлука што ја донесов. Се преселив од Јувентус во Манчестер јунајтед, ова е ново поглавје и многу сум среќен. Сакам да продолжам да испишувам историја и да му помогнам на клубот да освои трофеи“.






