Македонските навивачи си заминаа од Букурешт, по што Романците ја направија сметката, а таа е прилично висока.
Според романските медиуми, околу 4.000 македонски навивачи во изминатите денови испиле три цистерни пиво или околу 75.000 литри. Само за пиво „фалангата“ потрошила 450.000 евра.
Замислете каква ќе беше пресметката доколку ЕП не се играше во време на пандемија и македонските навивачи во многу поголем број беа присутни во Букурешт.
Романските медиуми се презадоволни од нашите фанови, не само од прометот кој го направиле, туку и од целокупната атмосфера која ја создавале и која поминала без ниту еден инцидент.






