среда, 22 април 2026

Туристичката комора бара Грција летово да ги укине биометриските проверки

Туристичко-угостителската комора побара од грчкото Министерство за туризам, за време на летната туристичката сезона туристите од земјава да бидат изземени од биометриските контроли за влез и излез на ЕУ (ЕЕС) за да се намали метежот на границите и да се намалат трошоците на туристичките агенции поврзани со доцнењето, информира првиот човек на комората Аркан Керим.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска стапивме во контакт со грчката министерка за туризам и побаравме македонските туристи да бидат изземени од овој систем во периодот од 1 јуни до 1 септември. Се надеваме дека министерката ќе го земе предвид нашето барање и дека деновиве ќе добиеме позитивен одговор“, вели Керим.

Ова барање на македонската Туристичко-угостителска комора доаѓа по информацијата според која грчката влада одлучи граѓаните на Велика Британија да не подложат на биометриска контрола при влегување во земјата, а главна причина за тоа беше дека 4,89 милиони британски туристи ја посетиле Грција во 2025 година.

Туристичките работници од земјава веруваат дека Грција ќе ја искористи препораката на Европската комисија која вели дека секоја земја во одреден момент може да го запре системот ЕЕС (влези излез од ЕУ) кога ќе се пребукираат границите и системот ќе стане многу бавен.

За време на велигденските празници беа регистрирани бројни проблеми о системот ЕЕС што предизвикаа повеќечасовно задржување на граничните премини.

Туристичките работници на Македонија бараат за овој проблем да реагираат и од Министерство за култура и туризам и од грчките власти да бараат преземање конкретни мерки да се намалат долги чекања на границата.

И српските туристички работници се надеваат дека Грција ќе ги ослободи нивните граѓани од биометриската контрола на грчките граници.

Системот за влез и излез во ЕУ (ЕЕС) кој почна да се применува пред две недели предизвика големи гужви на сите граници во ЕУ, посебно во авиосообраќајот каде што се чека и по неколку часа за да се завршат формалностите, а патниците ги испуштаат и авионите. Поради ова авионските организации побараа поголема флексибилност на границите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ