Сериозни проблеми за Хрватска, селекторот Далиќ ќе мора да крои тим без Перишиќ, еден од најзначајните играчи во репрезентацијата на коцкастите.
Тој е позитивен на ковид-19 и наредните десет дена ќе треба да ги помине во изолација, тоа значи дека би можел пак да игра на ЕП само ако Хрватска стигне до полуфинале.
Среќа во несреќа за Хрватите е што Перишиќ немал подолг контакт со никој од соиграчите, па никој од нив нема да треба да оди во изолација.
Хрватска и Шпанија играат утре (понеделник) со почеток од 18 часот.






