На синоќешниот прв тренинг во Амстердам, фудбалерите кои го играа целиот меч против Украина добија поштеда, но за разлика од другите, Горан Пандев не тренираше ниту денес.
Пандев има мала повреда од дуелот со Украинците, но би требало да биде подготвен за мечот со Холандија.
Сите останати фудбалери беа присутни на денешниот тренинг.















