Пандев се пензионираше од репрезентацијата на Македонија, но одлучи да ја прифати понудата за нов договор од Џенова и ќе настапува и следната сезона.
Во пресрет на новата сезона во Серија А која почнува викендов, Пандев им се обрати на фановите на Џенова.
„Во сабота почнува Серија А и горд сум што повторно ќе го носам овој дрес. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, на целата заедница, тренерот, стручниот штаб, моите соиграчи и сите вие фанови. Благодарен сум на секој од вас за пораките кои ми ги праќавте со кои ме убедивте да останам. Не можам да дочекам да ве поздравам на Ферарис. Напред Грифон“, напиша Пандев.
View this post on Instagram






