Нуно Еспирито Санто замина од Вулвс, но останува во Премиерлигата, овој пат ќе има уште поголем предизвик, ќе го води тимот на Тотнем.
„Со задоволство можеме да информираме дека Нуно Еспирито Санто е нашиот нов тренер, тој потпиша договор до 2023“, стои во соопштението на клубот.
Иако Вулвс минатата сезона играше прилично дефанзивен фудбал постигнувајќи само 36 голови, само последните четири на табелата имаа помалку дадени голови од нив, Леви верува дека го одбрал тренерот кој ќе му донесе офаназивен фудбал на Тотнем.
„И претходно зборував дека треба да го вратиме офанзивниот фудбал во Тотнем, да играме напаѓачки и забавен фудбал, и верувам дека Нуно е вистинскиот човек кој ќе ни го донесе тоа, заедно ќе изградиме нешто посебно“, вели сопственикот на Тотнем, Даниел Леви.






