четврток, 23 април 2026

Нов случај „Алаба“ во Баерн, Салихамиџиќ повторно ја спукал со Захави!

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, раководството на Баерн имаше конфротација со Пини Захави откако агентот побара плата од 20 милиони евра за Давид Алаба да продолжи на „Алианц Арена“.

Барањата на дефанзивецот не беа исполнети, па тој ова лето како слободен играч си замина од Минхен и се пресели во Реал Мадрид.

Медиумите од Германија сега пишуваат за нов случај „Алаба“ и во главна улога повторно се Хасан Салихамиџиќ и Пини Захави.

Двајцата седнале да преговараат за новиот договор на Кингсли Коман (актуелниот истекува во јуни 2023) и како што пренесува Билд, првата рунда завршила со расправија, популарниот Брацо ја спукал со агентот од Израел и му се дерел.

Причина за ова се милионите кои ги побарал Кингсли Коман, Французинот сака 20 милиони евра по сезона за да остане верен на Баерн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ