недела, 26 април 2026

Никола Серафимов доби повик во македонската репрезентација

Објавено на

часот

Сподели

Новиот селектор на Македонија, Благоја Милевски го повика Никола Серафимов за престојните квалификациски натпревари за СП.
 
Серафимов ова лето од Академија Пандев направи трансфер во унгарскиот Залаегержег, токму од неговиот клуб информираа за репрезентативниот повик.
 
Ова ќе биде негов деби настап за сениорската репрезентација на Македонија, претходно играше за младинската селекција.
 
Македонија во септември има три квалификациски меча за СП, дуели со Ерменија и Романија во Скопје и гостување кај Исланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ