понеделник, 4 мај 2026

Милинковиќ-Савиќ е исфрлен од тимот на Лацио, се скарал со Сари и Лотито

Објавено на

часот

Сподели

Сергеј Милинковиќ-Савиќ решил само кратко да присуствува на божиќнаа вечера која традиционално се одржува во клубот, а кога си заминал со себе земал и уште неколку фудбалери.
 
За ситуацијата да биде уште полоша, претседателот на клубот Лотито уште не пристигнал на вечерата кога Сергеј заминал, па кога го држел традиционалниот говор, српскиот фудбалер не бил присутен.
 
Сопственикот на Лацио бил многу погоден од однесувањето на Милинковиќ-Савиќ, па почнал да се распрашува што се случува.
 
Маурицио Сари му рекол дека Србинот се однесува многу арогантно за фудбалер кој е заменик капитен во клубот.
 
„Не го продадов ни кога можев од него да заработам 140 милиони евра, бидејќи му дадов збор на тогашниот тренер Инзаги дека нема тоа да го направам. Парите не ме интересираат, но почитување и посветеност ми е на прво место“, изјавил Лотито.
 
Се верува дека сегашната цена на Милинковиќ-Савиќ е двојно помала, 70 милиони евра, но нејасно е дали ќе се најде купувач за него во јануари или можеби ќе остане во Лацио до летото.
 
Во моментов тој е исфрлен од тимот и нема да настапува во следните натпревари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ