Во Струга големо изненадување приреди АП Брера, која славеше со минимални 0-1.
Домашниот тим беше апсолутно доминантен и пропушти огромен број шанси, но не успеа да ја затресе мрежата. Во продолжението Струга ТЛ остана со играч помалку по исклучувањето на Хамза, но и покрај тоа продолжи да создава шанси. Најдобрата ја имаше Илиевски во 84. минута, кога од непосредна близина со глава шутираше над голот. Казната стигна во самиот финиш, кога Леонардо Петровиќ во 88. минута ја искористи една од ретките прилики и донесе победа за гостите.
Во Кавадарци, пак, Тиквеш и Арсими одиграа без победник 1-1. Домашните останаа со играч помалку, но сепак поведоа преку Рамадани, кој реализираше по асистенција на Стојковки. Сепак, гостинот со голот на Гони стигна до израмнување уште во првиот половина час.
До крајот резултатот не се менуваше, па двата тима мораа да се задоволат со поделба на бодовите.






