Милан за Бало-Туре на Монако му плати 4,2 милиони евра плус уште 500.000 евра во бонуси.
Бало-Туре се очекува да биде замена за Тео Ернандез на левата бековска позиција.
„Милан со задоволство може да соопшти перманентен ангажман на Фоде Бало-Туре од Монако. Дефанзивецот потпиша договор со росонерите до 30 јуни 2025 година и ќе го носи дресот со број 5“, стои во соопштението на Милан.






