сабота, 25 април 2026

Меси: Возбуден сум што почнувам ново поглавје од мојата кариера

Објавено на

часот

Сподели

Меси првпат во својата кариера ќе игра во друг клуб освен Барселона, вели дека е возбуден за новиот предизвик.
 
„Возбуден сум што започнувам ново поглавје во мојата кариера во ПСЖ. Се што прави клубот се поклопува со мојата фудбалска амбиција. Знам колку е талентиран составот и тренерскиот стручен штаб тука. Посветен сум да помогнам да изградиме нешто посебно за клубот и фановите, со нетрпение чекам да излезам на теренот на Паркот на принцовите“, вели Меси.
 
Претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи, е среќен што Меси го одбрал ПСЖ.
 
„Среќен сум што Лионел Меси го одбра ПСЖ и ние сме горди што можеме да му посакаме добредојде на него и неговата фамилија во Париз. Тој не ја криеше желбата да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво и да освојува трофеи и природно нашата амбиција како клуб е иста. Додавањето на Лео на нашиот состав од светска класа е продолжување на нашиот многу стратегиски и успешен трансфер преоден рок за клубот. Водени од нашиот неверојатен тренер и неговиот стручен штаб, оптимист сум дека заедно ќе креираме историја за нашите фанови насекаде во светот“, вели претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келафи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ