Договорот меѓу Меси и Барселона е со траење заклучно до 30. јуни, тоа значи дека тој после полноќ е слободен фудбалер.
Меси кој во моментов е со Аргентина на Копа Америка, се верува дека има постигнато согласност со Барселона за нов договор, но се уште никој ништо официјално не објавил, а тоа создава загриженост кај навивачите.
Некои пишуваат дека проблем е актуелната финаниска ситуацијата на Барселона, и таа го одложила потпишувањето на документите.
Претседателот Барселона, Жоан Лапорта денеска беше уловен од камерите на шпанските медиуми и беше прашан за договорот на Меси, неговата кратка порака беше само дека нема потреба од загриженост.
Пораката на Лапорта би требало да се протолкува дека само прашање на време е кога ќе биде официјализиран новиот договор, но веројатно се додека не се случи тоа, ќе постои макар и мала загриженост кај навивачите на Барселона.






