среда, 29 април 2026

Манчестер Сити убедлив против Бриж, Спортинг го освои Истанбул (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва стартуваше 3. коло во Лигата на шампионите, љубителите на фудбалот видоа 11 погодоци на два меча.

Клуб Бриж дома одигра 1-1 со ПСЖ на стартот, но вечерва убедливо загуби во пресметката со Манчестер Сити, гостите стигнаа до триумф од 1-5.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Фоден испрати одлична топка за Кансело, кој го матираше Мињоле за 0-1. Пред крајот на првиот дел, Марез од пенал донесе 0-2 и најави славје на „граѓаните“.

На стартот од второто полувреме, Вокер реализираше за 0-3, а во 67. минута, нововлезениот Палмер прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-4. Ванакен во 81. минута постигна почесен гол за домаќините, а конечните 1-5 беа дело на Марез во 84. минута.

На вториот натпревар од 18:45 часот, Спортинг си замина од Истанбул со три бода и победа од 1-4 над Бешикташ.

Коатес го отвори резултатот по 15 минути игра, Ларкин изендачи на 1-1, но Спортинг веднаш се врати во предност со вториот гол на Коатес во 27. минута. Пред крајот на првиот дел, Сарабија реализираше за 1-3. Во последните мигови од мечот, Паулињо ја потврди победата и погоди за 1-4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ