недела, 26 април 2026

Манчестер јунајтед ќе тргне по Мбапе, Французинот е една од опциите за наследник на Кавани

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ, ќе ја одигра и оваа сезона, а потоа ќе се пресели во нов клуб како слободен фудбалер. Така стојат работите во моментов.
 
Прв фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид, но се чини дека кралскиот клуб ќе има конкуренција.
 
„ЕСПН“ пишува дека Манчестер јунајтед сака да донесе звучно засилување во офанзивата, а едно од имињата на нивната листа е и Мбапе. Останатите тројца се Хари Кејн, Ерлинг Халанд и Лаутаро Мартинез.
 
Раководството на Јунајтед ќе се задоволи со било кој од овие четворица, но Мбапе котира највисоко на листата за наследник на Кавани кој треба да замине по крајот на оваа сезона.
 
Сепак, мисијата за ангажман на Мбапе се чини дека ќе биде тешка, информациите од поодамна велат дека Французинот преферира преселба во Реал Мадрид, тоа е неговиот сон кој сака да го исполни.
 
Но додека нема ништо официјално, сите опции се во игра.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ