Илаиш Мориба важи за голем талент, Барселона имаше високи очекувања од него но фудбалерот бара многу пари за да го продолжи договорот и да остане на Камп Ноу.
„Каталонците“ немаат намера да му ги исполнат барањата, па под казна го вратија во Барса Б и тој не беше дел од првиот тим на подготовките за новата сезона, ниту пак за воведното коло од Ла Лига.
Барселона се заканува дека ќе го остави Илаиш Мориба да дреме на трибини цела сезона доколку не прифати нова соработка. Роналд Куман сега ја прокоментира целата ситуација и изрази разочарување од младото момче.
„Разговарав со Илаиш пред две-три недели. Неговата ситуација е ужасна. Тој е иднината на клубот, но ниту игра, ниту пак е со нас“ – вели Холанѓанецот.
„Знам од прва рака каква понуда му достави Барса. Мојот совет е дека парите не се најважната работа, туку играње натпревари. Но момчето и луѓето околу него, тие мислат поинаку. Разочаран сум од тоа. Кога имате 18 години, парите не треба да ви бидат приоритет“.






