Холандија го заврши настапот на Европското првенство и покрај перфектниот настап во групната фаза, Чешка денеска подобро се снајде и заслужено оди понатаму.
Клучниот момент се случи во 52. минута кога Мален излезе сам пред голманот Томаш Валчик, сакаше да го помине и него, но не успеа. По оваа ситуација Чешка изведе брз напад, Де Лихт играше намерно со рака како последен играч и доби црвен картон. Холандија можеше да поведе, но остана со играч помалку.
Таквата состојба на теренот ја искористи Чешка, во 61. минута преку Холеш постигна гол со глава за водство од 1-0.
Во 80. минута Патрик Шик реализираше за конечни 2-0.
Чешка во четврт-финалето ќе игра против Данска.






