четврток, 23 април 2026

Контроверзен и историски потег, Бенитез е нов тренер на Евертон!

Објавено на

часот

Сподели

Контроверзен и историски потег на Евертон, „карамелите“ го именуваа Рафа Бенитез за нов тренер.

Шпанецот стана само вториот човек кој ги предводел двата лути градски ривали Ливерпул и Евертон и сруши традиција стара речиси 130 години.

Претходно, во 1888 година, Вилијам Едвард Баркли бил тренер на Евертон а во 1892 година застанал на чело на Ливерпул.

Рафа Бенитез стави потпис на тригодишен договор, а главниот акционер Фархад Мошири рече: „Бевме импресионирани со неговото знаење и искуство, но пред се, со пасијата и гладот кој го покажа за да му се придружи на клубот“.

„Го ангажиравме бидејќи веруваме дека ќе ни донесе успех. Целта е да бидеме во горниот дел на табелата и да освојуваме титули и Рафа е докажан победник со огромно искуство, па го ангажиравме најдобриот човек за оваа работа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ