четврток, 23 април 2026

Италија добро се испоти за победа над Австрија и место во четврт-финалето (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Италија се пласираше меѓу осумте најдобри на Европското првенство, но Австрија даде силен отпор и дури во продолженијата примија погодок.
 
Во првото полувреме Италија имаше тотална контрола на мечот, се играше пред голот на Австрија, Барела, Имобиле и Спинацола имаа можности за гол.
 
Се очеуваше дека слично ќе биде и во второто полувреме, но во него Австрија одигра многу подобро, постигна и гол преку Арнаутовиќ, кој беше поништен поради офсајд.
 
Немаше погодоци во текот на 90те минути, па мечот отиде во две продолженија од по 15 минути.
 
По пет минути игра во продолженијата, Киеза постигна убав гол за водство на Италија од 1-0.
 
Пред крајот на првото продолжение гол даде и Песина за водство на Италија од 2-0.
 
Во 114. минута Калајџиќ постигна гол за 2-1, Австрија се врати во игра, но не успеа да дојде и до израмнување. На крајот Италија се радуваше на победата.
 
Во четвртфиналето Италија ќе игра со победникот од мечот меѓу Белгија и Португалија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ