Поради позитивни случаи на ковид-19 Салернитана не може да отпатува во Удине на мечот против Удинезе.
На составот му било забрането да патува со регуларна авио линија откако во тимот се појавил еден позитивен случај на ковид-19. Но поради тоа што фудбалерот бил дел од група, не им било дозволено да патуваат со обична линија.
Веднаш биле направени тестирања на сите фудбалери и планот бил утринава да патуваат со приватен авион.
Но резултатите од тестирањето покажале дека и други фудбалери се позитивни на ковид-19, како и членови на стручниот штаб, па локалните здравствени власти од Салерно им наредиле да бидат во карантин, а тоа значи дека нема да може да одат во Удине и да го играат денешниот меч.
Салернитана преку соопштение објави дека им е забрането да одат во Удине поради ковид-19 протоколот.
Дуелот меѓу Удинезе и Салернитана е првиот во Серија А кој е одложен поради ковид-19. Изминатиот викенд беа одложени два меча од Серија Б, Беневенто – Монца и Лече – Виченца.
Денеска во Серија А ќе се одиграат два меча, Џенова – Аталанта и Јувентус – Каљари.






