Манчестер Сити во второто коло дојде до првите бодови оваа сезона, тимот на Пеп Гвардиола демонстрираше сила против Норич.
Серијата погодоци беше отворена уште во седмата минута кога Норич си постигна автогол, голманот Крул играше последен со топката.
Во 22. минута по асистенција од Габриел Жесус, Џек Грилиш го постигна својот прв гол во дресот на Сити.
Во второто полувреме погодија и Лапорт, Стерлинг и Махрез за конечна победа од 5-0.
Реми со четири погодоци одиграа Лидс и Евертон, гостите двапати водеа но не дојдоа до победата.
Калверт Луин во 30 минута погоди за водство на Евертон, но Клих израмни пред крајот на првиот дел. Греј го врати водството, сепак Рафиња донесе бод за Лидс, конечни 2-2.
Астон Вила со голови на Ингс и Ел Гази победи со 2-0 против Њукасл. Немаше погодоци на дуелот меѓу Кристал Палас или Брентфорд.






