Навивачите ќе почекаат веројатно уште една недела за да го видат првиот натпревар на Меси во дресот на ПСЖ.
Маурисио Покетино ги изостави Меси и Нејмар од составот за денешниот дуел со Брест.
И Меси и Нејмар подоцна се приклучија на подготовките на ПСЖ, па се уште не се доволно подготвени за официјален натпревар.
Се очекува дебито на Меси да се случи на 29 август кога ПСЖ игра против Ремс.






