Македонија не успеа да ја оствари целта и да се пласира во следната фаза на Европското првенство, ги загубивме мечевите од Австрија и Украина и ќе останеме последни во групата.
Но, во понеделник во Амстердам играме со Холандија, меч за опростување со убав впечаток од Европското првенство.
Холандија веќе го освои првото место и Франк Де Бур се очекува да одмори дел од фудбалерите, но според Елмас тоа за Македонија не е важно.
„Подготвени сме за натпреварот, пред нас е тежок дуел без разлика на тоа дали Холандија ќе игра со втор состав или не. Тоа нас не ни е важно. Ние треба да ја играме нашата игра и време е да ја израдуваме нацијата со една победа“, вели Елмас.
„Одигравме два солидни меча, но неискуството ни направи проблеми. Затоа треба да почесто да бидеме на вакви натпреварувања“.
„Не можеме уште од сега да знаеме дали натпреварот ќе биде отворен. Холандија игра технчки фудбал, ние треба да си ја играме нашата игра. Треба да покажеме дека заслужено сме тука и да завршиме со победа“.






